Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Кладилниците го селат Руни во Челси

Веќе подолго време се шпекулира дека Вејн Руни сака да го напушти Манчестер Јунајтед, но сега тој се наоѓа најблиску до излезната врата, а и кладилниците почнаа да примаат големи уплати и ги смалија коефициентите на опцијата дека неговата следна дестинација ќе биде Челси.

Турците разочараа со посетеноста на младинскиот Мундијал

Навивачите во Турција важат за едни од најстраствените и најгласните во светот кога е во прашање фудбалот, но Светското првенство за играчи до 20 години кое понуди атрактивен фудбал со скоро 3 гола во просек по натпревар заврши со скромна посетеност.

1.000 ретвита и влагам на терен

Еден идиот (како што го нарекоа ТВ коментаторите) падна во искушение седејќи во првите редови на Ол-стар бејзбол натпреварот и твитна дека ќе влезе на терен ако добие 1.000 ретвита. Тој веднаш доби и многу повеќе ретвита, но и соодветен третман од обезбедувањето.

Лондон кандидат за домаќин на Геј игрите

По Олимписките и Параолимписките игри, главниот град на Англија испрати кандидатура и за спортскиот настан каде учествуваат спортисти, уметници и музичари без разлика на нивната сексуалната ориентација.

Ако Луис Суарез ти е колега

Однесувањето на Луис Суарез на теренот му направи многу проблеми во неговата кариера, а преку рекламата на уругвајска компанија и хумор на своја сметка, напаѓачот на Ливерпул ни покажа зошто не би сакал да работиш со него.

Најскапите трансфери на сите времиња

Трансферот на Единсон Кавани од Наполи во ПСЖ за 64 милиони евра го искачи Уругваецот на 5-та позиција на листата на најскапи трансфери, а во Топ 10 има дури 4 засилувања на Реал Мадрид. Ова се најголемите суми исплатени во историјата на фудбалот.

Форхенд покрај мрежа

Семуел Грот кој е познат како сопственикот на рекордниот сервис од 263 километри на час, се прослави и со еден неверојатен удар кој влегува во конкуренција за поен на годината.

Играј во тим со Пол Сколс

Сонувате да одиграте еден фудбалски натпревар во екипа со легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс? Не е проблем, сега можете и да си го купите тоа задоволство кое ќе ве чини околу 17.000 евра.

Добро е, можеше и полошо

Како што и се очекуваше со оглед на „високите“ амбиции на управата на ФК Вардар, македонскиот шампион не шутна на голот на Стеауа и загуби на гостувањето во Романија со 3:0. Останува да бидеме среќни што поразот не е и повисок и да си се тешиме на наш начин.

Најбрзата мистериозна убавица

На денешен ден пред точно 25 години Американката Флоренс Грифит Џојнер го оствари можеби најспорниот рекорд во историјата на Атлетиката. За многумина тој момент и натаму е контроверзен, но е сепак признат рекорд кој се уште никој не успеал да го сруши.

Црвен картон не е доволно за ова

Нема никави фудбалски елементи во овој прекршок во втората лига во Перу кој секако е санкциониран со исклучување. 

Напуштените Олимписки села

Што се случува со Олимписките градби откако ќе завршат игрите? Некои се претвораат во туристички атракции, театри, концертни сали, музеи, тренинг центри... но некои градби за кои се потрошени милијарди долари скапуваат и се распаѓаат со текот на времето.

Рекламата која ги налути германските фудбалерки

Шведска е домаќин на Европското првенство за фудбалерки, а германската телевизија ZDF, имателот на ТВ правата за земјата која триумфираше на 7 од последните 10 првенства, одбра не баш соодветен начин за негова промоција.

Клубовите од Серија А кои печалат од ПСЖ

Многу екипи од најсилните европски лиги ја немаат таа среќа да добијат финансиска инјекција од некој руски или арапски милијардер и да и кажат збогум на кризата. Ова важи особено за италијанските клубови кои кубурат со пари, но видоа бериќет од новите газди на ПСЖ.

Металург уште поблиску до Лига на шампиони

Европската ракометна федерација доби официјално известување од шпанскиот ракометен клуб Атлетико Мадрид кој поради финансиски причини престанува да постои, а со тоа ослободува место плус во групната фаза од Лигата на шампионите.

Футсал гол од голман

Голманот Ренан од бразилската екипа Карлос Барбоса реши да ја преземе работата во свои раце (нозе), го помина цел терен и постигна гол против Атлетико Ерехим.

Не е лесно да собираш топчиња

Собирачите на топчиња се добро истренирани и скоро неприметливи поединци кои имаат важна улога во светот на спортот. Но и тие се само луѓе и често ни приредуваат интересни ситуации за сеир.

Нов вид на ривалско тролање - соѕидан дрес

Двајца навивачи на Портсмут го искористија моментот додека работеле на изградбата на тренинг центарот на нивниот најголем ривал Саутемптон и сокрија дрес и шал од нивниот клуб во еден од ѕидовите.

Супер Фетел

Формула 1 шампионот Себастијан Фетел минатата недела за прв пат ја освои Гран при трката во Германија, а овој викенд тој повторно возеше трка во својата земја но во малку поинаков болид.

Фудбалерки од Нигерија заработуваат од проституција

Сиромаштијата во афричките земји не познава граници, а од неа страдаат и фудбалерките кои земаат по 150 евра месечно, немаат основни услови за живот, играат со празен стомак, а од нив се очекува да имаат врвни резултати.

Нов изум во тактичките планови на Сампдорија

Екипата на Фиорентина го има Џани Вио, „магионичарот" кој воведе нови шеми во фудбалот во Серија А, но за разлика од него кој преку книги го проучува фудбалот, Делио Роси е чекор понапред со технологијата која на доста занимлив начин ја користи на тренинзите.

Статуата со Зидан и Матераци се сели во Италија

Делото на алжирскиот скулптор кој го овековечи ударот со глава на славниот француски фудбалер во градите на Матераци од наредниот викенд ќе биде поставен на познат историски плоштад на чизмата.

Најспориот пенал на Погба

Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба ја предводеше Франција до пехарот од Светското првенство за играчи до 20 години и ја заслужи наградата за најдобар поединец на турнирот. Франција го победи Уругвај со 4:1 дури по изведување на пенали, а еден удар од белата точка изведе и Погба со најспориот залет кој некогаш сте го виделе.

Тијаго му помогна на Баерн за трансферот

Шпанецот беше дел од клубот кој најмногу доминираше во последниве години во светот, но реши од свој џеб да потроши пари за да направи трансфер во актуелниот европскиот шампион.