Англиската фудбалска федерација која годинава одбележува јубилејни 150 години од своето оформување соопшти дека ја поддржува кандидатурата на Лондон за организација на Геј игрите кои се одржуваат на секои четири години.
„Мило ни е што добивме поддршка од ФА за овој голем спортски настан. Со помош на националниот спорт во Англија ќе испратиме силна пората дека хомофобијата и трансфобијата се недозволиви не само во фудбалот, туку во секој спорт", изјави Алекс Хорн шеф на организацијата.
Од Лондон потекнува првиот британски фудбалски геј клуб, Стоунвол кој освои златен медали на игрите во Сиднеј 2002, Чикаго 2006 и Келн 2010 и кој е дел од Мидлсекс лигата која е 12-та по ранг на островот.
Првите геј игри се одржаа во Сан Франциско во 1982 година а ги отвори славната Тина Тарнер. На следните во 2014 година домаќини ќе бидат Кливленд и Акрон.