Играј во тим со Пол Сколс

Сонувате да одиграте еден фудбалски натпревар во екипа со легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс? Не е проблем, сега можете и да си го купите тоа задоволство кое ќе ве чини околу 17.000 евра.

Пол Сколс по втор пат замина во пензија, а овој пат неговата одлука е конечна, но сепак може да си дозволи да одигра уште еден натпревар. А баш на овој натпревар може да му се приклучите и вие, но само ако имате вишок пари. И тоа многу пари за само едно полувреме.

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед ќе одигра натпревар на кој ќе се собираат финансиски средства за добротворни цели, а организаторите на аукција ставија и едно место во тимот на Сколс.

Аукцијата на ebay започна во понеделникот, а почетната сума беше само 10 фунти, но откако за неа пишаа скоро сите медиуми, цената до овој момент достигна и до 14.700 фунти (16.900 евра), а до крајот на аукцијата има уште повеќе од 5 дена.

17 јули 2013 - 09:06