Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Шпанците во Реал чинат помалку од Роналдо и Кака

Флорентино Перез како магнет се лепи на големите фудбалски имиња кои веќе се докажани ѕвезди во клубовите од каде што доаѓаат. Математиките покажуваат дека Кралскиот тим кој го создал од дури 12 шпански фудбалери чини помалку од двајцата најскапи играчи кои ги купил od странство.

Следете го брилијантниот пример на Стоук Сити

Не постои навивач кој не би кажал „браво" за понудата на премиерлигашот која се однесува на своите навивачи. Таа едноставно гласи вака: Патувајте со нас наредната сезона ГРАТИС на сите гостински натпревари од домашното првенство.

Боксерски крај на меч во Чиле

Кошкањата на мечот помеѓу Универзитад Католика и Унион Еспањола од Купот на Чиле, судијата во 94 минута ги реши со црвени картони. Но тоа беше нов почеток на натпреварот кој се претвори во боксерски ринг.

Солзи радосници за Џерард

Пречекот на Ливерпул во Индонезија кој наликуваше како прослава за освоена шампионска титула во Лигата на шампионите го видовте вчера. Но тоа но е се, возбудата допрва почна да расте.

Премиер лигата се противи на зимскиот Мундијал во Катар

Лето или зима е главната тема поврзана со Светското фудбалско првенство во 2022 година. Откако првиот човек на ФИФА Сеп Блатер конечно призна дека најголемиот фудбалски настан најпаметно е да се одигра во зимскиот период, првите критики стигнаа од Англичаните.

Скок кој не го може ниту Џордан

Џастин Џејмс Вот кој е член на рагби клубот Хјустон Тексанс е висок 196 см, а тежок 131 килограм, но тоа не му пречи да скока во височина колку што не можат ниту НБА ѕвездите. Најновиот негов рекорд е 59,6 инчи или 1,5 метри, и тоа од место. Јунакот за два дена на Јутјуб собра скоро 700.000 посети

Сезонска карта на „Камп Ноу“ за само 99 евра

Со оглед на економската криза шпанските клубови решија да им излезат во пресрет на навивачите и да ги намалат сезонските влезници за домашното првенство.

Момент на годината: инспиративниот тачдаун

Џек Хофман успеа да направи нешто што на малку луѓе им тргна од рака оваа година. Тој го победи Енди Мареј. 7-годишното дете кое е болно од тумор на мозокот со неговиот тачдаун ги победи Мареј, фудбалерката Морган и тренерот Пагано во категоријата „Најдобар момент" во изборот на ESPN.

Верон му се враќа на фудбалот

Поранешниот капитен на репрезентацијата на Аргентина, Хуан Себастијан Верон реши да ги прекине пензионерските денови и да се врати во неговиот матичен клуб Естудијантес, а целата плата ќе ја донира за развојот на младинската школа.

Причина повеќе за борењето

Меѓународниот Олимписки комитет во септември ќе ја донесе конечната одлука дали борењето ќе остане олимписки спорт, а ние имаме неколку причини поради кои би гласале за овој спорт.

Последната желба на еден навивач

Страствен навивач на Феенорд на кого заради тешка и неизлечлива болест му се одбројани деновите, има последна желба, а тоа е да го посети својот омилен стадион уште еднаш.

10 работи кои не сте ги знаеле за Кавани

Беше еден од најбараните напаѓачи на трансфер пазарот во Европа, а борбата на гигантите за него ја доби богатиот ПСЖ. Единсон Кавани остави огромен белег во Наполи за кој постигна 104 гола за три сезони, а во последната беше недостижен на листата на најдобри стрелци во Серија А.

За Сисе е поважна верата од дресот на Њукасл

Напаѓачот на англискиот премиерлигаш нема да учестува на турнејата со својот клуб во Португалија затоа што одби да го носи дресот со ланскиот спонзор.

Љубители на фудбалот - ФИФА&УЕФА 2:0

Судот за правда на Европската Унија ја одби жалбата на ФИФА и УЕФА и застана во одбрана на правото на фудбалските фанови да можат да ги гледаат натпреварите од Светското и Европското првенство бесплатно на телевизија.

Тајните мечеви на Зидан на паркинзите во Торино

Славниот француски фудбалер кој како помошник на Анчелоти во Реал Мадрид заплива во тренерските води, има многу што да раскаже за неговото минато во Италија. Популарниот Зи Зу се потсетува на другата страна од фудбалот од времето кога додека настапувал за Јувентус.

Голчиштето на Нејмар од птичја перспектива

За време на Купот на конфедерации Бразилците користеа беспилотни летала - дронови за да ја следата безбедносната ситуација околу стадионите, а еден од нив го сними и голчиштето на Нејмар против Јапонија.

Англичаните го одврзаа ќесето

Гледајќи како ПСЖ и Монако се расфрлаат со пари во овој преоден рок, трансфер пазарот во останатите земји ни изгледа како неактивен, но бројките велат дека до сега Англичаните потрошиле двојно повеќе од минатата година.

„Гуштерите“ од Ривер Плејт имаат нови фризури

Фудбалските клубови од Јужна Америка имаат интересна традиција на шишање на младинците кои добиваат шанса во првиот тим. Пред неколку месеци во улога на бербер во Сантос беше Нејмар, а овој пат настрадаа младите фудбалери на аргентинскиот клуб Ривер Плејт.

„Вселенскиот брод“ на Јуве

Со купувањето на напаѓачите Карлос Тевез и Фернандо Љоренте Јувентус најавува дека ќе атакува на трета титула во ред, а во текот на подготовките за новата сезона на актуелните шампиони им обезбеди нов најмодерен автобус со кожни седишта, интернет и сателитска телевизија.

Банкарот кој го промени трансфер пазарот

Скаутите велат дека ништо не може да го замени нивното око, но во последно време фудбалските клубови се почесто користат видео материјал за да најдат нови фудбалери. Во тоа најмногу им помогна еден поранешен банкар кој има материјал за 220.000 фудбалери.

Си го рогна голманот

Дури и пријателските натпревари носат гнев и фрустрација што може да предизвика болка, а тоа на своја кожа најдобро го почуствува голманот на најстариот активен фудбалски клуб на светот, Нотс Каунти на пријателскиот натпревар против Галатасарај.

Неверојатен пречек на Ливерпул во Џакарта

Ливерпул нема многу трофеи ниту добри резултати во последниве години, но нивната популарност на глобално ниво се уште е огромна. Доказ за тоа е пречекот по нивното пристигнување во Индонезија.

Новите предизвици на Меси

Најдобриот фудбалер на планетата е првиот фудбалер на Барселона кој имаше официјална средба со новинарите за она што престои во новата сезона. Секако дека една од најважните теми беше доаѓањето на Нејмар, но ние ќе ви го прикажеме тоа што го чека Меси.

Го спаси тимот од пораз па спречи грабеж

Англиската репрезентативка Тони Дуган очигледно дека ќе го запамети Европското првенство во Шведска по двата херојски потези во еден ден.