Сезонска карта на „Камп Ноу“ за само 99 евра

Со оглед на економската криза шпанските клубови решија да им излезат во пресрет на навивачите и да ги намалат сезонските влезници за домашното првенство.

Во последните пет години во шпанската Премиера забележано е намалување на посетеноста на натпреварите за 7%, а причините за тоа се економската криза со која се соочува земјата како и високите цени на билетите.

За да ја вратат публиката во што поголем број клубовите во Шпанија решија да понудат намалувања како и попусти за сезонските влезници па така најевтината годишна карта ја нуди тимот на Барселона која чини 99 евра. Но ова важи само за редовните гледали, додека цените за новите членови ќе бидат повисоки од минатата сезона.

Реал Мадрид не планира да понуди никакво намалување на цените во новата сезона, но затоа нивниот градски ривал Атлетико нуди сезонски билети за тинејџерите по цена од 295 евра и 50% попуст за деца под 12 години.

Екипата на Валенсија и покрај тоа што се соочува со финансиски проблеми одлучи да ги намали сезонските билети за 17%, децата ќе добијат попуст од 50%, а возрасните над 65 годишна возраст ќе имаат 10% попуст.

Шпанските навивачи се надеваат дека ваквите потези ќе се случуваат на подолг рок и со тоа ќе се спречи намалувањето на нивното присуство. Просечниот сезонски билет во шпанското првенство се уште ја држи највисоката цена по Премиер лигата.

19 јули 2013 - 11:53