Минатата сезона лидерот на Барселона беше неисцрпна тема за пишување почнувајќи од ривалството со Роналдо, освојувањето на четирите по ред Златни топки, а најмногу рушењето на рекордите кои се редеа од натпревар во натпревар.
Лионел Меси ги освои по неколку пати сите можни титули со Каталонскиот тим и постојано ги поместува границите во фудбалот. Има само 26 години и прерано е да размислува за пензионирање, па вака би изгледале неговите нови 10 предизвици во сезоната 2013/2014.
1. Старт на новата сезона со титула во шпанскиот Супер Куп. Меси има постигнато 10 гола во ова натрпеварување, а финалниот меч против Атлетико Мадрид ќе биде првиот негов предизвик.
2. Освојување на петтата „Златна топка" во месец јануари. Изминатава сезона тој беше првиот играч кој успеал да ја освои 4 пати и тоа по ред.
3. Нова „Златна копачка" во Шпанија која би била трета во неговата кариера. Минатата сезона тој беше најдобар стрелец во шпанското првенство.
4. Рушење на рекордот од 60 гола во една сезона само во домашното првенство кој ги има постигнато британецот Дин Дикси во Евертон. Лео Меси постигна точно 50 гола во сезоната 2011/2012.
5. Обид за рушење на сопствениот рекорд од 91 гол во 2012 година на сите натпреварувања со Барселона и Аргентина. Лани го мина Герд Милер кој имаше постигнато 85.
6. Нова награда за најдобар стрелец во Лигата на шампионите, титула која ја освои четири пати по ред. Минатата сезона прв беше Кристијано Роналдо со 12 погодоци.
7. Надминување на историскиот рекорд на Паулино Алкантара кој е најдобар стрелец на Барса на сите времиња со 369 гола. Меси до сега постигна 325, од кои 313 на официјални натпревари и 22 на пријателски.
8. Во неговата седма сезона со Каталонскиот тим обид да се сруши рекордот од 100 поени во една сезона која го држат заедно со Реал Мадрид.
9. Освојување на четвртата титула во Лигата на шампионите со Барселона во Лисабон на 24 мај.
10. Прва светска круна со Аргентина на Мундијалот во Бразил наредното лето.