Екипата на Њукасл во октомври минатата година потпиша спонзорски договор со компанијата Вонга која работи со кредити и заеми, но тоа претставуваше проблем за четворица муслимани од редовите на клубот кои според своите верувања не смеат да промовираат фирми со такви дејности.
Напаѓачот од Сенегал, Папис Сисе се уште не го надмина спорот со својот клуб кој одлучи да не го повика во составот на престојните подготвителни натпревари кои Њукасл ќе ги одигра во Португалија.
Здружението на професионални фудбалери во интерес на спонзорот, клубот и играчите го посоветува Сисе да направи компромис, но преговорите одат тешко затоа што фудбалерот со исламска вероисповед стана жртва на негативна кампања од страна на екстремни десничари.
Доколку клубот и играчот не најдат заеднички јазик по ова прашање, ова отстранувањето од составот на еден месец пред почетокот на новата сезона може да биде и најава за прекинување на договорот.