6.000 навивачи се појавија на првиот тренинг на Феенеорд, а во 12-та минута фудбалерите симболично го прекинааа тренингот и се упатија кон едниот крај на теренот.
Таму Руи Марк, 54-годишен страствен навивач на Феенорд заедно со своите пријатели за последен пат го следеше тренинг на својот омилен тим. Заради тешка и неизлечива болест, неговите денови биле избројани, а неговата последна желба била уште еднаш да го бодри Феенеорд.
Пријателите со кои тој долги години ја делел трибината, заедно со фудбалерите на Феенеорд го поздравија Руи за последен пат.
Три дена подоцна Руи Марк починал.