Францускиот магазин „So Foot" прославува јубилејни 10 години од своето постоење, а последниот број им го посветува на популарните „десетки" низ историјата на фудбалот како Платини, Баџо, Гаскоњ, Хаџи, Валдерама, Драган Стојковиќ – Пикси, Дејан Савичевиќ, Матеус, Снајдер, Роналдињо и многу други.
Секако дека меѓу нив е неизбежно името на Зинедин Зидан кој не "магепсуваше" со неговиот стил на игра. За месечниот француски магазин тој открива многу пикантерии за време на неговиот престој во Торино и зборува за италијанските навики со кои не бил запознаен.
„Додека играв за Јувентус носев кратки и светкави чорапи, а потоа отркив дека такви чорапи во Италија не носи ниту еден фудбалер. По завршувањето на еден тренинг ги најдов искинати и залапени на моето шкафче. Ми рекоа дека чорапите мора да бидат во боја и да ги носам високо малку под коленото", раскажува Зидан.
Освен на теренот, тој не знаел како да се однесува и на маса, па кога го послужиле со тестенини, почнал да ги сече макароните со нож. Дел од секојдневието кое го памети по завршувањето на обврските кон клубот е и дека секоја вечер во 19 часот облекувал пижами.
За спортската јавност можеби најчудно ќе звучи тоа што еден од најдобрите фудбалери во светот знаел да заигра по некоја партија фудбал низ улиците во Торино без разлика што истиот ден му престоел и тренинг.
„Носев рибарска капа на главата и играв фудбал со непознати луѓе на паркинзите во Торино. Тоа најчето го правеше Едгар Давидс кој ме тераше да му се придружам. Кога ке излезевме со кола штом ќе здогледаме како некој игра фудбал застанувавме. Давидс ми велеше дека тоа биле важни мечеви, а јас му велев добро но денеска имаме тренинг и згора на се членови сме на голем клуб и не смееме да ризикуваме за да не се повредиме. Истовремено и го обожавав, затоа што правеше такви работи", вели Французинот.
Славниот фудбалер без влакна на јазикот зборува и за тоа дека бил предмет на мајтап затоа што не бил добро граден, а најмногу на таа тема го исмеувал кондициониот тренер на Јувентус.
„Ако и денеска ме видите гол ќе се изнасмеете. Никогаш не бев развиен во градите, но тоа и не е важно затоа што фудбалот не се игра со гради", вели Зидан.
Тој не ги сака споредбите помеѓу фудбалерите, а на прашањето кој е подобар помеѓу него и Платини одговара дека тоа не е важно прашање.
„Најдобриот играч треба да се бара помеѓу Пеле, Марадона и Меси, иако тоа би било споредба само помеѓу фудбалери од Јужна Америка. Холанѓаните, Англичаните и Германците се исто така луди за фудбал, но не прават споредби. Дебата не сме виделе и за тоа кој е подобар помеѓу Кројф и Бекенбауер", завршува Зидан.