Борење, бејзбол/софтбол, карате, трки со ролерки, спортско планинарење, сквош, вејбординг сурфање и боречката дисциплина вушу беа во конкуренција за 26-от спорт на Олимписките игри во 2020-та година, а МОК на состанокот во Санкт Петерсбург ја скрати оваа листа.
Трите спортови кои ќе се борат за последното место се борење, сквош и бејзбол/софтбол. Последната одлука ќе биде донесена на собранието на МОК кое ќе се одржи на 8 септември во Буенос Аирес, Аргентина.
Се очекуваше дека каратето ќе биде еден од спортовите кои ќе влезе во потесниот избор, но наместо него тоа е бејзбол/софтбол. Машкиот бејзбол и женскиот софтбол беа исфрлени по Олимписките игри во Пекинг, но тие ги соединија федерациите за да си ги зголемат шансите.