Англиските клубови потпишаа нов колективен договор за продажба на ТВ правата кој вреди неверојатни 5,5 милијарди евра за 3 сезони, па веднаш почнаа со трошењето.
Само до сега во првите 3 недели од преодниот рок тие потрошиле 270 милиони фунти што е двојно повеќе од овој период минатата година.
До сега на трансфер пазарот во Англија се истакнуваа само помалите клубови, а шест од нив, Вест Хем, Свонси, Саутемптон, Норич, Кардиф и Кристал Палас во овој трансфер период ги срушија клупските рекорди за најкапи трансфери во нивната историја.
„Големите" клубови се уште мируваат и не се случил некој поголем трансфер, па откако ќе се активираат и тие, до крајот на овој период се очекува Премиер лигата да го урне сопствениот рекорд во трошење.