Хуан Себастијан Вероја минатата година ја заврши својата богата 18-годишна кариера во клубот каде што ги направи првите фудбалски чекори - Естудијантес де Ла Плата.
Како клупска легенда, тој изминатата година ја извршуваше функцијата спортски директор, а својата форма ја одржувал играјќи за аматерскиот клуб Брандсен чиј тим го предводел до шампионската титула од градската аматерска лига.
Со неговото пензионирање, Естудијантес почна да бележи разочарувачки резултатит, па аргентинската легенда на 38 години реши повторно да му се врати на фудбалот и да му помогне на својот клуб.
Тој не само што ќе се обиде да му помогне на Естудијантес на теренот, туку ќе и помогне и на младинската школа на клубот каде ќе ја донира целата своја плата.
Легендата на аргентинскиот фудбал во својата богата кариера има освојувано титули со Парма, Лацио, Манчестер Јунајтед и Интер, а во 2009-та година го предводеше Естудијантес до титулата во Копа Либертадорес.