Кариерата на уругвајскиот напаѓач кој исто како и Чилеанецот Марсело Салас кој настапуваше за Лацио го носи прекарот „Ел Матадор". Кариерата му се одвива во одличен правец правејќи трансфери во се посилни клубови, а како повод за заминувањето во ПСЖ еве ги занимливите работи за него кои можеби не сте ги прочитале до сега.
1. Кавани е мајстор за постигнување хет-трикови и како главен играч на Наполи тој успеа да им даде по три гола на еден меч на сите силни екипи во Серија А. На Јувентус (јануари 2011), Лацио (април 2011 и септември 2012), Милан (септември 2011), Рома (јануари 2012) и Интер (2012). Во Лигата на Европа на мечот против Днипро постигна 4 гола.
2. Омиленото хоби на 26 годишниот напаѓач му е риболовот. Најмногу сака да риболови со неговиот татко Луис кој има кајче во Уругвај.
3. До сега не му се случило ниту еднаш во кариерата да добие директен црвен картон. Уругваецот беше исклучен на натпреварот против Лече во мај 2011 година но откако доби два жолти картони по ред.
4. На 6 годишна возраст Кавани имаше голема поддршка од својата фамилија, но уште поголема од неговиот тренер Кармело Чезарини. Поради работното време неговите родители не можеле секогаш да го носат на тренинг, но тоа го правел неговиот прв тренер.
5. Тој нема да биде првиот играч од своето семејство кој ќе игра во Франција. Неговиот полубрат Валтер Желмон е исто така фудбалер кој сега настапува во Кина. Во сезоната 2002/2003 тој беше член на тимот на Ајачио.
6. Кавани не го одбра сицилијанскиот клуб Палермо случајно. Неговиот дедо работел долго време на Сицилија и кога Кавани си замина од Уругвај направи трансфер во Палермо и покрај тоа што не го познавал својот дедо.
7. Уругвајскиот фудбалер е исто така и херој од цртаните филмови. На цртанот „The Supa Strikas" еден од ликовите има долга коса како неговата и го носи прекарот „Ел Матадор".
8. Тој не е експерт за пенали. За три сезони во Наполи од 23 удари од белата точка има 15 погодоци и 8 промашени удари.
9. Единсон Кавани е роден во уругвајскиот град Салто од каде потекнува и Луис Суарез. Тие се само 3 недели разлика. Напаѓачот на Ливерпул е роден на 24 јануари 1987 година, а Кавани на 14 февруари истата година.
10. Првиот гол за селекцијата на Уругвај го постигна на 2 февруари 2008 година против Колумбија, но потоа чекаше на вториот погодок дури 2 години кога погоди против Швајцарија. Во моментов има постигнато 17 гола за репрезентацијата.