ESPY (Excellence in Sports Performance Yearly Award) е традиционално доделување на награди за спортски достигнувања од телевизиската куќа ESPN.
Оваа година на доделувањето на наградите доминираше Леброн Џејмс но еден добитник го расплака светот.
Во категоријата за „Најдобар момент" беа номинирани тенисерот Енди Мареј кој е првиот Британец со триумф на Вимблдон од 1908-та година, фудбалерката Алекс Морган која беше најзаслужна за олимпиското злато на САД, рагби тренерот Чак Пагано кој беше болен од леукемија и 7-годишниот Џек Хофман.
Малиот Џек има тумор на мозокот и како голем навивач на рагби тимот Небраска, тој имал желба да го запознае својот омилен играч Рекс Буркхед. Тој момент му го промени животот на Џек.
На еден ревијален натпревар, екипата на Небраска му даде шанса и на малиот Џек, а тој со помош на своите идоли постигна тачдаун.
Приказната за малиот борец Џек Хофман им ги насолзи очите на сите присутни, а инспиративниот тачдаун го заслужи признанието за „Најдобар момент на годината".