Дуган која е член на Евертон влезе како џокер на натпреварот помеѓу Англија и Русија во второто коло од Европското првенство за жени и успеа во третата минута од продолжението да го израмни резултатот на 1:1.
Но откако замина со селекцијата на Англија во хотел беше сведок на грабеж на сладолед кој го здогледала од својата соба и веднаш го пријавила во полиција.
„Не можев да заспијам од возбуда поради мечот и слушнав дека некој скрши прозорец. Тоа беше соседната продавница каде се продава сладолед на сопственикот на кој му дадовме билети и знамиња за да не бодри на натпреварите. Се јавив во полиција, а таа веднаш дојде и откако патролираше со кучињата го пронајде лоповот", вели Дуган.
21 годишната фудбалерка неодамна најави дека за поголемо промовирање на женскиот фудбал ќе направи провокативна фото сесија.