Offside

Двајца навивачи на Партизан со сигурност се навивачи на сезоната иако таа штотуку почна.

Бундеслигата се враќа во главниот град

Со победата од 1:0 во 30-то коло во германската „Цвајта", еден од основоположниците на фудбалот во Германија, екипата на Херта од Берлин обезбеди пласман во елитата.

Металург со пораз ќе патува во Киелце

Иако големата четвртфинална битка во првото полувреме мина во знакот на Металург кој беше постојано во водство, ракометарите на Киелце со пресврт во вториот дел ја демонстрираа фаворитската улога и славеа со 27:25.

Фетел ја однесе победата во Бахреин

Актуелниот светски шампион, Германецот Себастијан Фетел беше најбрз на денешната трка од Формула 1 шампионатот во Бахреин. Веднаш, исто како и минатата година, зад него се пласираа Раиконен и Грожан.

Навивач на Чикаго го тужи Роуз поради повредата

Бизарната приказна ни доаѓа од верен навивач на Чикаго Булс кој одлучи да поднесе тужба против Дерик Роуз, затоа што поради повредата која му трае цела сезона, тој од нервоза почнал премногу да јаде и да се здебелува.

Рами се повреди со „гангам стајл“

Францускиот репрезентативец Адил Рами ги налути навивачите на Валенсија откако го продолжи периодот за опоравување од повреда заради „гангам стајл".

Голови на неделата

И оваа недела уредниците на TVGOLO имаа тешка задача да ги изберат најдобрите 10 голови од изминатите 7 денови. Помеѓу номинираните се мајсториите на Давид Луиз, Демба Ба, Кристијано Ронално, Хавиер Пасторе...

Тикет на колото

Националните првенства во поголемите лиги во Европа се движат кон својот крај со што натпреварите стануваат поинтересни за гледање, но и за типување. Одиме со нашите предлози.

Антиќ ќе брка фајнал-фор преку мајсторка во Атина

Кошаркарите на Олимпијакос имаа водство во текот на целиот натпревар и меч топка во своите раце, но во финишот му ја препуштија победата на Анадолу Ефес со што за пласман во фајнал-фор ќе одлучи последниот натпревар во Атина.

Бебе бил како изгубен на Олд Трафорд

Промашената инвестиција на „Црвените ѓаволи" доста искрено си ја опиша неуспешната авантура во Манчестер Јунајтед, каде мака мачел да го разбере шкотскиот акцент на Сер Алекс Фергусон кој пак на младиот фудбалер му се обраќал со „Бејби".

Аплауз за Фое во 23 минута

Камерунскиот репрезентативец кој на Купот на конфедерации пред 10 години колабираше на сред натпревар и ја потресе светската фудбалска јавност, ќе добие посебна почит од навивачите на Манчестер Сити и Вест Хем.

Дијаманти јадел најмногу ќотек

Иако сезонава опасноста по головите во најсилните европски национални првенства најмногу доѓаат од Меси, Роналдо, Фалкао, Ван Перси...изненадувачки најфаулираниот фудбалер оваа сезона е фудбалерот на Болоња, Дијаманти.

Објавени номинираните за играч на годината во Англија

Асоцијацијата на професионални фудбалери (PFA) ја објави листата на шест номинирани фудбалери кои ќе се борат за наградата „Играч на годината". Помеѓу нив се членови на Манчестер Јунајтед, Челси, Ливерпул и Тотенхем.

Мајами повторно фаворит за тронот во НБА

Викендов стартува плејофот на 67-та сезона од најквалитетното светско кошаркарско натпреварување. Кладилниците предвидуваат реприза на минатогодишното финале во НБА лигата, а актуелниот шампион, екипата на Мајами Хит е најголем фаворит за одбрана на титулата.

Најглупиот постигнат гол

Тие што не го сакаат фудбалот и велат дека е глупава игра во која 22 играчи трчаат по една топка, ќе им ја признаеме тезата, но само за оваа акција во која актерите се од најниските лиги во Англија.

Пехарот ќе чека на бензинска на пола пат

Минатата сезона кога за титулата се одлучуваше во последното коло, челниците на Премиер лигата пратија по еден трофеј на двата стадиони, но во 5-та лига имаат само еден, па за време на последното коло претседателот на лигата со пехарот во својот автомобил ќе чека на пола пат.

Протести против Ф1 трката во Бахреин

Полицијата во Бахреин употреби солзавци за да ги растера демонстрантите кои фрлаа молотови коктели и се обидуваа да направат хаос пред неделната трка во Формула 1 шампионатот.

Ливерпул е најдобриот англиски клуб на сите времиња

Навивачите на Манчестер и Челси можеби ќе се зачудат или ќе мислат дека ова е некој застарен наслов од 1 април, но тоа е вистината. Ливерпул има освоено најмногу бодови во историјата на англискиот фудбал.

Снајдер со турско мезе сними реклама за леден чај

Ѕвездата на Галатасарај Весли Снајдер немаше баш лесен тренинг. Заедно со својата понежна половина се нагостија со турска софра на теренот, а на крајот вкусните зачинети меса ги комбинираа со леден чај. 

Свонси со поголема поддршка на „Либерти“

Единствениот велшки клуб во Премиер лигата кој нема капацитет да ги нагости сите свои навивачи, најави дека ќе го прошири својот стадион со уште 11 000 седишта со што ќе добие капацитет за 33 000 гледачи, исто колку што има нашиот „.Филип Втори".

Аргентински ножички од далечина

Во Аргентина нема застој во процесот на производство на млади таленти. Најнов продукт на школата на Ривер Плејт е Себастијан Друиси кој на натпреварот помеѓу репрезентациите на Аргентина и Уругвај за фудбалери до 17 години постигна два гола, а првиот беше мајсторија со ножички од 18 метри.

Червар: Во недела со две срца на терен

Нашиот претставник во ракометната Лига на шампиони освен што го поправи минатогодишниот пласман и се пласираше во големата осумка на европскиот елитен ракомет, сега пред себе ја има најсериозната и најтешката пречка во историјата, а тоа е влезот во фајнлфорот.

Ким Јонг Ун го купи Сандерленд

Уште една одлична кампања од маркетинг секторот на британската кладилница Paddy Power. Овој пат тие направија видео во кое новиот газда на Сандерленд, лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун говори за неговите планови за опстанок во Премиер лигата.