Интерконтиненталниот куп беше редовен годишен настан во календарот на ФИБА се до 1996-та година и по пауза од 17 години ова натпреварување повторно ќе се одржи од 4. до 6. октомври.
На двомечот во Сао Паоло силите ќе си ги одмерат шампионот на Европа, грчки Олимпијакос и првакот на Јужна Америка, бразилскиот Пињеирос Скај од градот домаќин.
„ФИБА е среќна што може да го поддржи враќањето на овој голем настан, натпревар помеѓу шампионите на најсилните натпреварувања на двата континети", изјави секретарот на ФИБА, Патрик Бауман.
Последен шампион на Интерконтиненталниот куп е екипата на Панатинаикос, а најтрофеен клуб од ова натпреварување е Реал Мадрид со четири титули.