Магазинот Форбс направи листа на градови чии клубови највеќе ги имаат разочарано своите навивачи и на првото место на оваа листа се наоѓа Сиетл. Градот кој го загуби Соникс во 2008-та година имал кошаркарски, хокеј, бејзбол и рагби екипи во НБА, НХЛ, МЛБ и НФЛ кои вкупно одиграле 115 сезони.
Екипите од Сиетл во полуфиналињата на лигите се пласирале 11 пати, четири пати играле во финале, а за 115 сезони имаат само една титула и тоа онаа на Соникс од 1979-та година.
Веднаш зад нив е Атланта, градот кој два пати ги загуби НХЛ екипите. Атланта имала пет екипи во елитните лиги кои одиграле вкупно 159 сезони, а освоиле само една титула.
Слична е и судбината на граѓаните на Феникс. Екипите од овој град одиграле вкупно 101 сезона, но се израдувале на само една титула. Феникс Санс имаат девет финалиња во конференцијата, но ниту една титула.
Следата Бафало со две титули за 103 сезони, Сан Диего (107/1), Кливленд (227/6), Канзас (122/3), Хјустон (141/4), Вашингтон (239/7) и Денвер со четири титули за 142 одиграни сезони.