Челниците на атлетската федерација на Јамајка потврдија дека претставници на Светската анти-допинг агенција ги изненадиле во нивниот тренинг камп во Москва каде тие се подготвуваат за Светското атлетско првенство и им земале крв за анализа на сите спортисти.
Натпреварувачите од Јамајка се под лупа во изминатиот период откако поранешниот светски рекордер на 100 метри, Асафа Пауел и неговата колешка Шерон Симпсон паднаа на допинг тест. Освен нив, позитивни на допинг беа уште тројца натпреварувачи на националното првенство во Кингстон.
Примероци од крв за анализа им биле земени на сите 44 натпреварувачи од Јамајка, што е прв ваков случај за направен допинг тест на цела репрезентација.