Ѕвездата на Ливерпул, Луис Суарез го прекина молкот и побара од челниците на Ливерпул да му дозволат да го напушти клубот.
„Сакам да играм во Лигата на шампиони и има екипа која ми ја дава таа можност. Јас веќе му кажав на менаџерот дека сакам да го напуштам клубот. Ме обвинуваат дека не сум лојален, но минатата година со раководството се договоривме дека ќе ми дозволат да го напуштам клубот ако не се квалификуваме во Лигата на шампиони", изјави Суарез.
Уругвајскиот напаѓач изјави дека не размислува за трансфер во некој локален ривал, ниту пак во екипа која нема да игра во Лигата на шампиони.
„Имам 26 години и морам да играм во Лигата на шампиони. Чекав една година и некој не може да каже дека не дадов се од себе за да го одведам тимот во тоа натпреварување. Ливерпул засекогаш ќе биде посебно место за мене" изјави Суарез.
Најверојатно негова следна дестинација ќе биде Арсенал од каде веќе има и понуда.