Последниот ден од Светското првенство во ракомет на плажа, односно финалните натпревари во машка и женска конкуренција ги проследиле 10.304 гледачи. Само ден претходно прв пат беше срушен рекордот со продадени 8.243 влезници.
Светското првенство во ракомет на плажа се одржа во градот Кали, а натпреварите се одиграа во арена за борби со бикови.
Шампиони во двете конкуренции беа репрезентациите на Бразил. Мажите во финалето ја совладаа Русија, а жените беа подобри од Унгарија.