Малку нетипично за земји како што е Англија, но ФА на својот официјален веб сајт пушти отворен оглас за селектор со полно работно време кој би ја водел фудбалската селекција до 21 година.
Стратегот кој смета дека може да ги води младите надежи на репрезентацијата на Англија во својата биографија задолжително треба да има про диплома од УЕФА како и лиценца за тренери од Фудбалската Асоцијација.
Досегашен селектор на селекцијата на Англија до 21 година беше Стујард Пирс.