Фудбал и само фудбал!

Според резултатите од најновото истражување на Фудбалската асоцијација на Англија, повеќе од половина љубители на фудбалот помислуваат на најважната споредна работа на светот најмалку по еднаш секоја минута.

Во чест на Сер Боби Робсон и Националниот фудбалски ден кој ќе биде одбележан на 10 август, Фудбалската асоцијација на Англија направи истражување помеѓу љубителите на фудбалот со кое само го потврдија верувањето дека луѓето се луди по фудбал.

Ова се дел од резултатите:

- 52% од луѓето помислуваат на фудбал барем по еднаш во минута, а 19% проверуваат фудбалски вести и резултати секоја минута

- на 63% од испитаниците главна тема за муабет им е фудбалот, а првата тема за разговор во понеделник со колегита за 66% од луѓето е фудбал

- 94% си ја планираат годината според фудбалската сезона. 89% резервираат за одмор кога нема натпревари, а 91% не отишле на свадба или роденденска забава заради фудбалски натпревар

- 58% од луѓето веруваат дека пријателите кои ги стекнале со фудбалот им се најблиски

- 57% од анкетираните биле постојано нерасположени по завршувањето на сезоната, а за 53% најважен датум во годината е стартот на новата сезона.

Фудбалската асоцијција на Англија ја спроведе анкетата како дел од празнувањето на 150 годишнината од оформувањето, а по тој повод на Националниот фудбалски ден на 10 август ќе се одржат 150 настани низ целата држава.

6 август 2013 - 15:14