Јаневски го објави списокот за мечот против Бугарија

Предводникот на македонскиот национален тим Чедомир Јаневски повика 21 фудбалер меѓу кои две нови имиња за последниот контролен натпревар пред квалификациите за Мундијалот во Бразил кои продолжуваат во септември.

Јаневски во поширокиот состав го повика младиот талент Давид Бабунски кој веќе е дел од Б тимот на Барселона, а нападот ќе го освежи со Јован Костовски од Вардар кој минатата сезона беше најдобар стрелец во македонското првенство.

Овој натпревар не е за да експериментираме како што направивме со Шведска и Норвешка во јуни, затоа треба да го сфатиме многу сериозно. Побаравме контакти заедно со техничкиот секретар Марио Ѓурчиновски и со сите играчи остваривме контакти освен со Горан Попов кого не успеавме да го добиеме и покрај сите наши напори, за што многу ми е жал. Сите играчи ни се добро познати, а има и млади меѓу кои и дебитантите Давид Бабунски и Стеван Спировски кој се враќа во репрезентација - изјави селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Чедомир Јаневски.

Пријателскиот натпревар против селекцијата на Бугарија се игра на 14 август во Скопје, а квалификациските натпревари против Велс и Шкотска се закажи за следниот месец.

Голмани
Томе Пачовски (Мехлен-Белгија)
Кристијан Наумовски (Динамо Б.-Романија)
Дарко Тофилоски (Кошице-Словачка)

Одбрана
Александар Тодоровски (Штурм-Австрија)
Даниел Георгиевски (Стеауа-Романија)
Стефан Ристовски (Латина-Италија)
Николче Новески (Мајнц-Германија)
Ванче Шиков (Волин-Украина)
Даниел Мојсов (Бран-Норвешка)
Даниел Ивановски (Мјалби-Шведска)

Среден ред
Остоја Стјепановиќ (Висла Краков-Полска)
Стефан Спировски (Борац Чачак-Србија)
Никола Глигоров (Кхазар Ланкаран-Азербејџан)
Давид Бабунски (Барселона-Шпанија)

Напад
Александар Трајковски (Злуте-Белгија)
Агим Ибраими (Марибор-Словенија)
Иван Тричковски (Беверен-Белгија)
Мирко Ивановски (Астра-Романија)
Горан Пандев (Наполи-Италија)
Адис Јаховиќ (Вил-Швајцарија)
Јован Костовски (Вардар-Македонија)

6 август 2013 - 13:58