Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Американците ќе ти кажат за кого навиваш

Англиската Премиер лига стана најпопуларна фудбалска лига во САД, а сега Американците се на добар пат се одвикнат од гледање Кардашијанс и да станат опседнати со фудбал. Телевизиската куќа ЕнБиСи засега одлично си ја врши работата.

Манчестер Јунајтед растура со продажба на дресови на Ван Перси

Воопшто не е изненадување што изминатата сезона се продадени најмногу дресови со името на Робин ван Перси, но вчудоневидува фактот четвртина од сите можни продадени дресови во Англија се со името на Робин ван Перси.

Голови на неделата

Уживајте во мајсториите на Адриано, Меирелеш, Лазари, Роналдињо, Роналдо... и изборот на TVGOLO за најдобри голови од изминатата недела.

Започнува најмасовното светско првенство

Од 10. до 18. август Москва ќе биде домаќин на „најголемото" светско првенство. Започнува 14. Светско првенство во атлетика на кое ќе настапат 1.974 натпреварувачи од 206 земји кои ќе се борат за награден фонд од 7.194.000 долари и 100.000 долари за секој срушен светски рекорд.

Арапските и руските милиони во трка за француската титула

Францускиот шампион останува голем фаворит за одбрана на титулата, но оваа сезона тие имаат конкуренција од уште еден голем трошаџија. Екипата на Монако со помош на руските милиони, ќе се обиде да им ги замрси сметките на Арапите од Париз.

Што прават фудбалерите во слободно време

Фудбалерите имаат работна недела исполнета со тренинзи и натпревари, но само по неколку часа дневно. Нашите во слободно време киснат во кладилници и кафулиња, а во Европа обично играат на плејстејшн, но многумина имаат и по некое интересно хоби.

Реакцијата на Суарез и Руни

Како реагираа Луис Суарез и Вејн Руни кога дознаа дека нивните барања за трансфер се одбиени.

Хал Сити го смени името

Газдата на повратникот во Премиер лигата има желба да го заврсти идентитетот на својот клуб кој во иднина Хал Сити Тајгерс.

Тешки задачи за Милан и Арсенал

Во седиштето на УЕФА во Нион беше извршено извлекувањето на паровите за плеј-оф колото за пласман во групната фаза на Лигата на шампиони. Најинтересни ќе бидат дуелите на ПСВ и Милан и довобојот помеѓу Фенербахче и Арсенал.

Сумирана трансфер сага

Во период кога медиумите се преполни со лажни и полувистинити приказни и трансфер сапуници, еве како спортските новинари би можеле да не поштедат од вакви стории и да сумираат било која „трансфер сага" во две реченици.

Баерн Минхен тргнува во одбрана на тројната круна

Нова сезона во германската Бундеслига, но најверојатно по старото сценарио од претходната јибилејна 50-та. Ќе успее ли некој да ја сопре машинеријата на Баерн Минхен која оваа сезона ќе ја предводи Пеп Гвардиола.

Предвременото славје чини златен медал

Меган Ратлеџ си ја научи лекцијата дека славјето не треба да започне се додека не се помине низ целта на мото-крос трка.

Хуманата страна на Роџер Федерер

Роџер Федерер е еден од најдобрите тенисери на сите времиња, но еден гест со девојка која се излечила од рак, докажува дека тој е еден од најхуманите спортисти и голем човек пред сè.

Сите голови од слободен удар на Роналдињо

Откако освои се што можеше да освои, поранешниот најдобар фудбалер на планетата продолжи да мами воздишки со своите голови од слободен удар. Роналдињо синоќа постигна уште еден прекрасен гол од слободен удар што е само една од многуте негови мајстории во богатата кариера. Ова се најдобрите 60 голови од слободен удар на Роналдињо.

Напредуваме кога не играме

На македонската фудбалска репрезентација и оди подобро кога не игра. На најновата ранг листа на ФИФА, репрезентацијата на Македонија напредуваше за три позиции.

Рекордите во Премиер лигата во сенка на поранешните достигнувања

Колку и да беше успешен и трофеен тренер, маестро Фергусон и неговите пулени за време на 26 годишниот мандат на „Олд Трафорд" не можат да ги држат сите рекорди. Некои од нив доаѓаат од едно друго старо време, пред да се оформи Премиер лигата во 1992 година.

Тревата на Атлетик Билбао за спомен кај навивачите

Тимот од Баскија кој по еден век се прости од својот стадион, најде начин како да не се фрли тревата во ѓубре.

Фристајл лудории на бандера

Светскиот шампион во фристајл натпреварување, Андреј Хендерсон е топ, нема што, но титулата ние би му ја дале на лудаков кој среде Париз почна да прави чуда. Гледајте го до крај, скроз ќе одлепи.

Офсајд лик на неделата: Макс Хофман

Максимилијан Хофман е 19-годишен надежен австриски фудбалер кој го имаше најлошото можно деби во историјата на фудбалот со што го заслужи нашето признание за офсајд лик на неделата.

За кого треба да навиваш во Германија

Сакаш да ја следиш германската Бундеслига, но немаш омилен тим? Без гајле, следниот графикон ќе ти каже кој клуб најмногу ти одговара.

Строгите казни против расизмот сефтосани во Италија

Фудбалер од италијанскиот петтолигаш Матера доби 10 меча суспензија поради навреди на расна основа.

Маскотата на Бредфорд доби отказ затоа што ослабе

Фудбалскиот клуб Бредфорд минатата сезона им приреди многу радости на своите навивачи откако стана прв четвртолигаш што се пласира во финалето на Лига купот на Англија по пауза од 50 години, но изминатиот период и не беше толку среќен за нивната маскота.

Пола рагби тим отиде на трудничко

Жените и спортот понекогаш тешко одат заедно особено во ваков случај кога ќе забремени речиси половина тим и ќе ги остави на цедило колешките кои не можат сами да постасаат со работа.

Анжи го отпушти тренерот по 16 дена

Поранешниот асистент на Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед, Рене Меленстен ќе биде запишан во некоја книга на рекорди, но по лошо. Тој издржа само 16 денови на клупата на рускиот клуб Анжи.