Тешки задачи за Милан и Арсенал

Во седиштето на УЕФА во Нион беше извршено извлекувањето на паровите за плеј-оф колото за пласман во групната фаза на Лигата на шампиони. Најинтересни ќе бидат дуелите на ПСВ и Милан и довобојот помеѓу Фенербахче и Арсенал.

Агим Ибраими со Марибор за место во Лигата на шампиони ќе се бори со чешкиот шампион Викторија Плзен, а Стеауа на Даниел Георгиевски ќе игра против Легија од Варшава.

Гигантите од оваа фаза немаа среќа. Во борбата за пласман во групната фаза на Лигата на шампиони ќе се судрат ПСВ и Милан, како и Фенербахче и Арсенал. Најслесна задача најверојатно ќе има Селтик кој ќе се сретне со казахстанскиот тим Шахтјор Караганди.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ - Плеј-оф:

Динамо Загреб - Австрија Виена
Лудогорец - Базел
Викторија Плзен - Марибор
Шахтјор Караганди - Селтик
Стеауа - Легија
Лион - Реал Сосиедад
Шалке - Металист
Пакош Фереира - Зенит
ПСВ Ајндховен - Милан
Фенербахче - Арсенал

Првите натпревари ќе се играат на 20/21 август, а реваншите се закажани за 27/28 август.

9 август 2013 - 12:10