Тинејџерот од редовите на Рапид Виена, Максимилијан Хофман сигурно се надеваше на подобар старт на неговата професионална кариера.
Младиот дефанзивец оваа сезона доби место во првиот тим на Рапид откако импресионираше за резервите, а овој викенд доби шанса и да дебитира во првата австриска лига на натпреварот против Штурм.
Но наместо 90 минути, дебито на Хофман траеше само 60 секунди. Противничкиот фудбалер Роберт Бериќ во првиот напад излезе сам пред голманот, па Хофман беше приморан да му стартува од зад грб уште во првата минута. Судијата не се двоумеше и му покажа црвен картон на несреќниот дебитант.
Да се надеваме дека Максимилијан ја научи лекцијата и на следниот натпревар откако ќе му заврши суспензијата ќе издржи барем две минути.
Останатите офсајд ликови погледнете ги тука.