
Стадионот „Сан Мамес" каде екипата на Атлетик Билбао ги играше своите натпревари од далечната 1913 година, минатиот месец замина во историјата, но клубот одлучи да не се прости од тревникот и направи интересна иницијатива.
Тревата ќе се најде на продажба во фан шопот на клубот и на официјалнот веб сајт, а секој навивач кој ќе сака да си чува парче спомен од неа, за 40 евра ќе добие правоаголна плоча во должина од 11 см.