
За сума од 250 милиони долари, ЕнБиСи ги откупи правата за емитување на натпреварите од Премиер лигата и познатата ТВ куќа вети дека на повеќе платформи ќе ги емитува преносите од сите 380 натпревари во сезоната, а за последното коло тие ветија дека ќе ги запоседнат сите свои канали (E!, Golf Channel, Bravo...) и ќе ги пренесуваат сите 10 натпревари истовремено.
Тие го запоседнаа метрото во Њујорк каде патниците се приморани да изберат клуб во зависност од тоа на која страна ќе седнат помеѓу ривалите (Ливерпул-Евертон, Јунајтед-Сити или Арсенал-Тотенхем).
На своите канали тие постојано ја вртата урнебесната реклама во која Џејсон Судеикис го глуми новиот американски тренер на Тотенхем:
а ако немате омилен клуб, на Фејсбук тие ќе ви кажат за кого навивате по неколку одговорени прашања на нивната апликација.