
Тигрите од Хал Сити во иднина својот прекар ќе го користат и во името. Делот AFC (Association Football Club) кој клубот го носи во своето име и на грбот уште од оформувањето во 1904-та година ќе биде избришан, а новото официјално име ќе биде Hull City Tigers.
„Сакам клубот да биде асоциран со нешто различно од Сити. Тоа е многу општо име. Има Лестер Сити, Бристол Сити, Манчестер Сити и уште многу други клубови со името Сити", изјави сопственикот Асем Аламис.
Египетскиот бизнисмен Асем Аламис го презеде клубот од североисточна Англија во 2010. година и со неговите инвестиции Хал Сити по втор пат оваа сезона се врати во Премиер лигата.