Што прават фудбалерите во слободно време

Фудбалерите имаат работна недела исполнета со тренинзи и натпревари, но само по неколку часа дневно. Нашите во слободно време киснат во кладилници и кафулиња, а во Европа обично играат на плејстејшн, но многумина имаат и по некое интересно хоби.

Градскиот советник Роман Павличенко


Репрезентативецот на Русија и член на Локомотив Москва како член на партијата на Путин од 2008. година е советник во собранието на неговиот роден град Ставропол.

Писателот за деца Тео Волкот


Ѕвездата на Арсенал започна со пишување детски книги уште од 2009. година. До сега Тео Волкот има напишано четири книги, а има и свој вебсајт.

Бинго манијакот Кристијано Роналдо


Роналдо обожава да го поминува своето слободно време играјќи бинго. Кога пристигнал во Манчестер Јунајтед тој најмногу го научил англискиот разговарајќи со пријателите додека играл бинго.

Модниот дизајнер Андреј Аршавин


Додека студирал на Универзитеот за технологија и дизајн во Санкт Петерсбург, Аршавин почнал да дизајнира своја линија за спортска опрема, костуми, па дури и женски фустани.

Карикатуристот Димитар Бербатов

Бугаринот е талентиран за цртање и своето слободно време го користи за цртање на карикатури на познати личности кои ги објавува на својата Фејсбук фан страна.

Тату артистот Даниел Агер


Данскиот интернационалец е познат по своето тетовирано тело, но тој исто така е лиценциран тату мајстор и шара и по туѓи тела.

Манијакот за историја Мануел Алмунија


Шпанскиот голман е луд по историја. Освен што чита премногу историски книги, го користи секое патување со својот тим за да посети некое историско место или музеј.

Пилотот Мајкл Овен


Кога играше за Њукасл, Мајкл Овен најми пилот и си купи хелихоптер за со него да патува на тренинзи, но подоцна тој и самиот доби дозвола за летање.

Трубачот Нолберто Солано


Пеуанецот не само што во слободно време си свири по дома, туку додека беше член на Њукасл имаше и свој салса бенд со кој настапуваше во локалните клубови.

Слаткарот Мориц Фолц


Германецот кој порано настапуваше за Арсенал и Фулам, целото свое слободно време го поминува во кујна, каде најчесто прави торти. Пред викендите, тој правел торти со инспирација од следниот противник.

9 август 2013 - 14:36