Беатриз Тиноко е 17-годишна средношколка од САД која штотуку ја добила двегодишната битка со ракот. Како голем љубител на тенисот, таа имала голема желба да го запознае нејзиниот идол Роџер Федерер, а за да ја исполни својата цел, помош побарала од "Make-A-Wish" фондацијата која им исполнува желби на млади луѓе кои се тешко болни.
Кога Роџер Федерер дознал дека тинејџерката сака да го запознае, тој веднаш се согласил да и ја прифати желбата, но и нешто повеќе од тоа. Федерер ја изненадил со видео порака со која ја поканил да му биде негова гостинка на Вимблдон.
Беатриз и нејзиното семејство веднаш отпатувале за Англија каде имале неверојатен пречек од Федерер. Таа добила третман како најголема ѕвезда и присуствувала на неговите тренинзи, ручеци и прес конференции, а на крајот тие заедно го прославиле нејзинот 18. роденден.