Судејќи според анализите на стручњаците, германската Бундеслига ќе биде најмалку неизвесно првенство од големите лиги во Европа. На анкетата пред почетокот на новата сезона, 16 од 18 тренери на екипите од Бундеслигата без ни малку двоумење одговорија дека Баерн Минхен ќе ја освои 24-та титула.
Дури и останатите двајца кои барем малку се двоумеа го дадоа својот глас за Баерн Минхен. Еден од нив беше токму новиот тренер на Баварците, Пеп Гвариола која најверојатно сакаше да биде скромен и одговори дека се надева дека неговиот тим ќе ја одбрани титула, а вториот беше тренерот на Ајнтрахт Брауншвајг чиј одговор беше „Баерн или Дортмунд".
Минатата сезона Баерн Минхен доминираше и го оствари историскиот успех со освојување на тројната круна, а овој пат тие се засилени со Марио Геце, Тијаго Алкантара, како и нов тренер.
Токму затоа и кладилниците за одбрана на трофејот на Баерн Минхен му дадоа коефициент 1,2. Втор фаворит според bet-at-home е Борусија Дортмунд со коефициент 4,85.
Јирген Клоп без Геце, но со Обамејанг и Мхитарјан може само да се надева дека разликата на крајот од оваа сезона ќе биде помала од 25 поени.
Борбата за преостанатите места кои водат во Лигата на шампиони ќе се води помеѓу Шалке, Баер Леверкузен, Вофсбург, Штутгарт и Борусија Менхенгладбах, а Мајнц, Ајнтрахт Брауншвајг, Фрајбург, Нинберг и Аусбург ќе водат тешка битка за опстанок.