Напредуваме кога не играме

На македонската фудбалска репрезентација и оди подобро кога не игра. На најновата ранг листа на ФИФА, репрезентацијата на Македонија напредуваше за три позиции.

Откако забележа два порази на турнејата во Скандинавија по што следеше вртоглавиот пад од 14 позиции, фудбалската репрезентација на Македонија овој пат паузираше со натпревари и се искачи за три позиции.

На августовското издание на ФИФА ранг листата, Македонија се наоѓа на 89-та позиција со 395 поени.

Најдобро рангирана репрезентација од нашата квалификациска група за Светското првенство е Хрватска на 8-та позиција, а Белија е на 10-та. Србија е на 41-то место, Велс на 46-то, а Шкотска на 50-та позиција.

Нема промени и на врвот на листата каде се наоѓаат Шпанија, Германија, Колумбија, Аргентина и Холандија.