Арапските и руските милиони во трка за француската титула

Францускиот шампион останува голем фаворит за одбрана на титулата, но оваа сезона тие имаат конкуренција од уште еден голем трошаџија. Екипата на Монако со помош на руските милиони, ќе се обиде да им ги замрси сметките на Арапите од Париз.

Започнува новата сезона во француската Лига 1 по турбулентното лето за актуелниот шампион ПСЖ. Откако ја освоија третата титула во мај, ПСЖ остана без тренерот Анчелоти кој замина во Реал Мадрид, а го загуби и спортскиот директор Леонардо кој заработи суспензија од 14 месеци за буткање на судија.

Откако неколку големи имиња ги одбија, Арапите се одлучија за Лорен Блан кој ова лето потроши 114 милиони евра на нови засилувања помеѓу кои беа и Единсон Кавани и Маркињос.

Актуелниот шампион е главен фаворит за одбрана на титулата и според кладилниците. Коефициентот за титулата на ПСЖ во bet-at-home изнесува 1,3.

Единствен клуб кој може да им ги замрси сметките е повратникот Монако. Русинот Риболовљев потроши 150 милиони за фудбалери од рангот на Фалкао, Џејмс Родригез, Жоао Мутињо, Ерик Абидал и Џереми Тулалан, па направи силен и конкурентен тим кој ќе атакува на самиот врв. Според bet-at-home, нивниот коефициент за освојување на титулат е 3,35.

Следат Олимпик Марсеј со 12 и Лион со коефициент 17.

9 август 2013 - 17:34