Гаетано Јанини на меч од Купот на Италија помеѓу Судтирол и Матера поради расистички навреди во 18 минута од првото полувреме кои се однесуваа на противнички играч ќе мора да паузира на следните 10 меча.
Проектот на УЕФА таканаречен „Нула толеранција" за борба против расизам во фудбалот кој доби голема поддршка од Италија, прва го примени Фудбалската федерација на оваа земја која се соочува со многу вакви примери.
Новите остри казни предложени од Мишел Платини стапија во сила од 1 јуни во координација со 53 федерации и членки на УЕФА. Покрај суспензиите од 10 меча за фудбалери или функционери на клубот, во случај на расизам од страна на навивачите, клубот ќе игра без публика на минимум еден натпревар.
Најголемиот скандал кој оваа година беше жешка тема во медиумите на чизмата беше случајот на пријателскиот натпревар помеѓу Милан и Про Патриа на кој гостинските навивачи недолично скандираа против Принц Боатенг, а тој ја рогна топката кон нив и го напушти теренот.