Рекордите во Премиер лигата во сенка на поранешните достигнувања

Колку и да беше успешен и трофеен тренер, маестро Фергусон и неговите пулени за време на 26 годишниот мандат на „Олд Трафорд" не можат да ги држат сите рекорди. Некои од нив доаѓаат од едно друго старо време, пред да се оформи Премиер лигата во 1992 година.

Екипата на Портсмут која минатата сезона ја спасија навивачите, изминатиов викенд ја започна четвртолигашката авантура на островот и тоа очекувано пред голем број на навивачи кои се и газди на клубот.

Првото коло им почна многу лошо, со пораз од 4:1 на домашен терен од Оксфорд Јунајтед, но навивачите направија денот да биде историски за Премиер лигата и дојда во бројка од 18.181 што претставува рекорд на меч од четвртата лигата на ова натпреварување.

Но тоа ќе остане рекорд за клубот од оформувањето на четвртата лига под името „League Two" која постои од 2004 година, а додека апсолутниот рекорд од овој низок ранг на натпреварување кој постои од 1921 година го држи тимот на Кристал Палас на натпреварот со Милвол во 1961 година кога присуствувале 37,774 гледачи како да се работело за прволигашки меч.

Покрај овој рекорд ви ја претставуваме и споредбата на рекордите кои важат од оформувањето на Премиер лигата и оние од кога се игра фудбал во Англија.

Рекорден број на гледачи во Премиер лигата и првата англиска дивизија:

-Манчестер Јунајтед – Блекбурн, 76.398 (март 2007 година)

-Манчестер Јунајтед – Арсенал, 83.260 (јануари 1948 година)

Најдобар стрелец во Премиер лигата и првата англиска дивизија:

-Алан Ширер, 260 гола

-Џими Гревас, 357 гола

Најмногу постигнати голови на еден меч од Премиер лигата и првата англиска дивизија:

-Алан Ширер (1999/2000), Енди Кол (1994/95), Џермаин Дефо (2009/10) и Димитар Бербатов (2010/11) по 5 постигнати погодоци

-Тед Драке – 7 постигнати погодоци (1934/35)

Најдобар стрелец во една сезона во Премиер лигата и првата англиска дивизија:

-Енди Кол – 34 гола на 40 мечеви (1993/1994)

-Алан Ширер – 34 гола на 42 меча (1994/1995)

-Дин Дикси – 60 гола на 39 меча (1927/1928)

8 август 2013 - 09:33