Кидвел рагби тимот од Велс е тој што ќе треба да се справува со оваа проблематика која може да му се случи само на женски спортски клуб. Во пресрет на новата сезона екипата се преполови од повеќе причини.
Дел од членките на клубот летово одлучија да се пензионираат, а дури една третина од составот на Кидвел морале да ги прекинат работните обврски затоа што останале бремени.
„Останавме без многу играчи ова лето, затоа што пет девојки објавија дека се бремени, а дел од играчите отидоа во пензја. Тоа значи дека ќе мора да откажеме дел од натпреварувањата во новата сезона", изјави тренерот на екипата Ким Хуланс.
Составот на рагби тимот за сега останува со само 9 играчи, а покрај бремените и пензионирани играчи, клубот се соочува со уште еден проблем затоа што дел од нив не сакале многу да патуваат на гостувања и повеќе сакале да играат на домашен терен.
Кидвел се натпреварува во третата рагби лига во Велс, а клубот испрати итен повик за нови заинтересирани играчи.