Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Пијалокот на Кид вреди 50.000 долари

Џејсон Кид заработи казна за намерното истурање на пијалок на паркетот за време на натпревар.

Најдобриот непризнат гол

Јоан Гуркуф од Лион на натпреварот против Бетис го постигна најдобриот непризнат гол во историјата на Лига Европа. Гуркуф ја затресе противничката мрежа со удар од пола терен, но за жал судијата само свирнал фаул пред тој да го упати шутот.

Осум нови патници за следната фаза на Лига Европа

По комплетирањето на натпреварите од петтото коло на Лига Европа, екипите на ПАОК, Рубин, Анжи, Лацио, АЗ, Трабзон, Лион и Генк изборија пласман помеѓу најдобрите 32 во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Тифозите во Италија се повеќе на екстремната десница

Карло Амбра, експерт од истражувачкиот полициски сектор „Ucigos" кој го анализира навивањето како феномен во Италија, направи биланс во однос на нивната политичката определба, а како најголема дискриминирачка појава го издвојува расизамот.

Филипос Ставру Платини се бори за Гинис

Постојат фанови и фанови, а овој дефинитивно е "фанатик" кој за својот идол потрошил колку за два стана по стотина квадрати во Скопје.

Македонија vs. Црна Гора

На последното рангирање според ФИФА, репрезентацијата на Македонија се искачи на 84-та позиција, а 31 место пред нас е Црна Гора, репрезентацијата која е доказ дека големината, историјата и парите не се многу важни за добри фудбалски резултати.

Хуманоста и фер плејот

Емотивно видео со хуманиот дел во спортот и некои фер плеј потези кои се за пример. Меѓу актерите покрај атлетичари, боксери и тенисери ги има и Роналдо, Роналдињо, Пујол, Ди Канио, Кан...

Осминафинале за заокружување на годината

Ракометарите на Металург на мечот против аутсајдерот Тун од Швајцарија одат на хет-трик, а тоа значи победа која би го донела пласманот во топ 16 фазата трета година по ред. Според капитенот Ванчо Димовски веќе впишаните бодови од овој натпревар ќе бидат најтешки за освојување.

Подобро да не играме

Фудбалската репрезентација на Македонија во период кога не одигра ниту еден натпревар се искачи за две позиции на ФИФА ранг листата.

Можност за целосна разврска во Лигата на Европа

На две кола до крајот на групната фаза во второто по ранг клупско европско натпреварување, осум екипи се веќе пласирани во следниот круг. Играјте Типстер во претпоследното коло од богатата понуда на Лигата на Европа.

Тактиката на Џејсон Кид

На 8,3 секунди до крајот на натпреварот помеѓу Бруклин и ЛА Лејкерс, тренерот на домаќините, Џејсон Кид повеќе нема тајм-аути, па смисли нова тактика за да добие неколку секунди за кои неговиот помошник го нацрта последниот напад.

Како се местат натпревари во Англија

Шест луѓе, вклучувајќи тројца фудбалери и еден менаџер се уапсени за местење на нисколигашки натпревари во Англија, а весникот The Telegraph успеа да сними еден Азиец кој на таен агент му објасни како се мести натпревар.

Електричното дерби во знакот на ЕВН

Комплетирано е седмото коло од Бизнис лигата на Македонија.

Висок пораз на Атланта во Хјустон

Кошаркарите на Атланта без услугите на Перо Антиќ го забележаа третиот пораз во серија и загубија на гостувањето кај Хјустон Рокетс со 113:84.

Јунајтед блесна, а Јувентус конечно победи

По дури пет кола италијанскиот шампион ја издвојува првата победа во групната фаза од Лигата на шампиони против Копенхаген со што направи важен исчекор за пласман во осминафинале. Со победи на домашен терен во топ 16 вечерва се пласираа Манчестер Јунајтед, Реал и ПСЖ.

Металците убедливо поразени во Израел

Кошаркарите на МЗТ Скопје сосема очекувано со пораз го завршија натпреварот од седмото коло во второто по ранг клупско европско кошаркарско натпреварување од израелскиот шампион Макаби Хаифа со 79:60.

Заробениот фудбалер ќе може да замине од Катар

По две години заложништо францускиот фудбалер Захир Белунис доби виза за излез од земјата домаќин на Мундијалот во 2022 година.

Новиот залет на славниот Ајакс

Ајакс и го нанесе првиот пораз на Барселона и ги задржа шансите за пласман во следната фаза од Лигата на шампиони, но резултатот воопшто не е изненадување, туку плод на долгогодишниот труд на ајаксовите легенди.

Глумата во фудбалот

Бонучи, Де Роси, Роналдо, Нејмар, Ривалдо, Бускетс. Многу познати фудбалски имиња се обидуваат со помош на своите актерски способности да изнудат некој прекршок или пенал, а некои паѓаат театрално и кога ќе ги искара судијата.

Јувентус брка прва победа, а Јунајтед осминафинале

Со изненадувачките резултати вчерашната ноќ во Лигата на шампионите не донесе конечна разврска во ниту една група. Играјте Типстер и погодете како ќе биде вечерва во следните четири групи каде само Баерн Минхен и Манчестер Сити се познати осминафиналисти.

Милан победи заради магичните чорапи на Галијани

Милан конечно победи, а потпретседателот Адриано Галијано се пофали дека за триумфот се заслужни неговите нови чорапи кои му донеле среќа на тимот.

Фламини повторно сечеше ракави

Метју Фламини повторно го фати с'клет и сам си направи дрес со кратки ракави со помош на ножици.

Нов пораз на Атланта, шест поени за Антиќ

Кошаркарите на Атланта Хокс загубија од Орландо Меџик и го забележаа седмиот пораз по 15 одиграни натпревари.