Белунис го тужеше својот поранешен клув Ел Џаиш затоа што веќе две години не добиваше плата, а според кафала системот во Катар според кој мигрантите работници се обврзани да го почитуваат договорот со работодавците, тој не смееше да ја напушти земјата се додека не ја повлече тужбата.
Францускиот фудбалер за време на агонијата во која беше навлечено и неговото семејство, поради немање приходи продавал се што има во станот за да преживее, но по долги напори тој успеа да го добие спорот за да може да си замине дома.
Захир побара помош од Катарската фудбалска федерација, потоа од Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, а за случајот ги извести Пеп Гвардиола и Зинедин Зидан кои се амбасадори на Светското првенство 2022 во Катар.
Во комуникација со новинар од Си-Ен-Ен Захир раскажа дека освен во тешка финансиска ситуација, има и психички проблеми и дека сака да се самоубие.