
Французинот од редовите на Арсенал по втор пат во рок од 10 дена направи проблем со својот дрес.
Пред почетокот на дербито против Манчестер Јунајтед, Фламини си ги пресече ракавите и го доби нашето признание за офсајд лик на денот.
И покрај тоа што доби предупредување, Фламини ја повтори истата „акција" и пред вчерашниот натпревар од Лигата на шампиони против Марсеј. Сите негови колеги беа во дресови со долги ракави, а на некои им беше до толку ладно што имаа и ракавици на рацете, но Фламини беше со дрес со кратки ракави.
Сечењето на дресот овој пат не му се допадна ниту на Арсен Венгер:
„Не ми се допаѓа и тој никогаш повеќе нема да го повтори тоа", изјави тренерот на Арсенал.