Британскиот весник The Telegraph објави детали за местење на нисколигашки натпревари во Англија. Шест луѓе, меѓу кои се тројца фудбалери се уапсени во акцијата за спречување на фудбалските местенки во Англија.
Помеѓу уапсените е и Делрој Фејси, поранешниот член на Болтон, ВБА и Хал, кој сега работи како агент на фудбалери.
Уапсен е и еден Сингапурец кој беше снимен како на таен агент му открива детали за местењето на натпревари. Според неговите тврдења, еден натпревар од пониските англиски лиги може да се намести за 50.000 фунти.