Споредба со гигантот

Македонија vs. Црна Гора

На последното рангирање според ФИФА, репрезентацијата на Македонија се искачи на 84-та позиција, а 31 место пред нас е Црна Гора, репрезентацијата која е доказ дека големината, историјата и парите не се многу важни за добри фудбалски резултати.

Стадионот на прволигашот Ловќен

Поголемите држави треба да се подобри во фудбал затоа што имаат повеќе фудбалери и поголем избор, но репрезентацијата на Црна Гора е пример дека тоа не е така.

Репрезентацијата која пред две години беше и на 16-та позиција е доказ дека не треба да се вадиме на тоа дека сме мали, немаме голема фудбалска историја, немаме пари, немаме фудбалска инфраструктура и дека лигата ни е тапа.

Црна Гора

површина: 13.812 km2
број на жители: 625.266

БДП
вкупно: 4,28 милијарди долари
по глава на жител: 11.800 долари

Членка на ФИФА од 2007 година

Натпревари:

Вкупно: 52
Победи: 20
Нерешени: 14
Порази: 18

Вкупна вредност на репрезентацијата: 79,3 милиони евра
Најскап фудбалер: Стеван Јоветиќ - 26 милиони евра

Македонија

површина: 25.713 km2
број на жители: 2.058.539

БДП
вкупно: 22.147 милијарди долари
по глава на жител: 10.718 долари

Членка на ФИФА од 1994 година

Натпревари:

Вкупно: 185
Победи: 53
Нерешени: 48
Порази: 84

Вкупна вредност на репрезентацијата: 23,4 милиони евра
Најскап фудбалер: Горан Пандев - 10 милиони евра