Иако за селекцијата на Црна Гора ова е само втор квалификациски циклус на светските првенства, според резултатите кои до сега ги оствари, претставува вистинска сензација. Црногорците предводени од селекторот Бранко Брновиќ со вчерашното реми против Англија, го одбранија лидерското место во групата.