Милан славеше на гостувањето кај Селтик во рамките на Лигата на шампиони и ја забележа првата победа по пауза од седум натпревари.
Ова се ужасна сезона за поранешниот шампион кој има само три победи по 13 натпревари во Серија А, па очајните миланисти сторија се за да ја прекинат оваа црна серија.
Потпретседателот Адријано Галијани дури си купи и нови чорапи. Веднаш по натпреварот Галијани за една италијанска ТВ станица изјави дека неговите нови црвено-црни чорапи му донеле среќа на Милан и ги засука ногавиците за да се пофали со нив.