Таг: адријано галијани

Ибрахимовиќ за Моџи: Тој човек зрачеше со моќ

Златан на 3 октомври наполни 40 години. Го отвори Нада Топчагиќ со „Јутро је“, ама овој текст сега не е за тоа, туку за неговите двајца, односно тројца најмоќни гости, кои се од најголема важност за неговата кариера во Италија. Едниот го донесе, а другиот му тропна на врата дома во Шведска.

Што имаа заедничко Галијани и Ѕинго?

И по 20 и кусур години, Ѕинго остана синоним за ФК Силекс, кој единствените трофеи ги освои додека паралелно беше и прв човек во тогашниот ФСМ. За неговата смрт се огласија и Комити. Му простуваат.

Како напредува Монца - чисто италијанскиот клуб на Берлускони и Галијани

Во свет каде со фудбалските клубови владеат азиски инвестициски фондови, играчите менуваат клубови како чорапи и нема никаква романтика, приказната за Монца е убава бајка која не знаеме дали ќе има среќен крај.

Како Милан го изеде срамот поради лагата на Галијани и Берлускони

Легендата на Росонерите, Алесандро Костакурта ја откри вистината околу одлуката на потпретседателот Адриано Галијани пред 25 години да не им дозволи на фудбалерите да ги довршат последните минути од дуелот со Марсеј во четвртфиналето на КЕШ.

Ветерот од Истокот што ја покори Европа

Студен како киевска зима пред голманите, Шева ги освои срцата на милиони и милиони миланисти. Од едно селце со 390 жители стигна до врвот на Европа и Златната топка за најдобар стрелец на континентот.

Важни бројки од ерата на Берлускони во Милан

Италијанските медиуми ги извадија најважните податоци од 30-годишното владеење на Берлускони со Милан, кој неколку сезони не наликува на екипата која царуваше со Европа.

Кошаркар требал да биде тренер на Милан

Силвио Берлускони и Адриано Галијани, како свежи спортски работници на почетокот на ’80-те години го идеализирале ликот на Ден Питерсон, поранешен американски кошаркар и тренер во Олимпија Милано кој сакале да го прават фудбалски тренер.

Малдини го откри проблемот на Милан

Легендарниот фудбалер кој се пензионираше пред шест години, изјави дека трансфер гуруто во Милан, Адријано Галијани не го разбира фудбалот и дека тој е главен виновник за слабите резултати на тимот.

Војнички кодекс во договорот на Балотели со Милан

Откако при првиот престој во Милан го фатија како пуши цигари со кондуктерот во возот при враќање од едно гостување, во клубот сега му наложија кодекс на однесување на проблематичниот шпиц.

Смислата за бизнис на Адријано Галијани

Во 2013. година го продаде Кевин Принц Боатенг во Шалке за 10 милиони евра, а сега би можел да го врати во Милан бесплатно. Тоа го може само Адријано Галијани.

Анчелоти преку Твитер ја соопшти одлуката за Милан

Трофејниот тренер реши да одмори од фудбалската игра и ја одби понудата на клубот со кои за осум години освои неколку трофеи. На Карлито му следува операција на грбот, после која не знае колку ќе се опоравува.

Играчите кренаа раце од Пипо Инзаги

Удинезе шест кола немаше победа, за вчера да го совлада Милан 2-1 и со тоа да им отвори нови проблеми на Росонерите. Берлускони решен да му даде отказ на Инзаги, но Галијани побарал уште една шанса за младиот тренер.

Стадион или стадионче на Милан?

Новиот фудбалски храм кој Милан вчера официјално го претстави во јавноста преку проектот, би требало да биде завршен за четири години. Но сега проблемот е дали ќе има место за сите?

Писмо од Курва Суд до Силвио Берлускони

Навивачите на Милан го загубија трпението што го имаа за управата и за најголем виновник за неуспесите на тимот го сметаат Адријано Галијани.

Тактичарот Галијани и заложникот Макси Лопез

Искусниот ќелавко кој е махер за тоа како треба да се игра умно за време на трансфер периодите, во овој јануарски преоден рок веќе направи зделка по своја мерка. За време на пазарењето понекогаш чува и резервни играчи кои го чекаат “затворени“ во хотел, но не му секогаш исплатливи.

Черчи вредеше 15, Галијани го донесе за 2 милиона

Галијани на позајмица во Милан го носи италијанскиот репрезентативец кој пред 4 месеци вредеше 15 милиони евра. Во замена го пушта Торес кој на 10 средби даде еден гол.

Навредениот Галијани го напушта Милан

Моќниот потпретседател ги носеше најславните и најдобрите фудбалери во Милан, а со нив постигна врвни успеси. Но госпоѓицата Берлускони инсистираше на големи промени во раководната структура на тимот, а жртвата е 69 годишниот славен ќелавко.

Милан победи заради магичните чорапи на Галијани

Милан конечно победи, а потпретседателот Адриано Галијано се пофали дека за триумфот се заслужни неговите нови чорапи кои му донеле среќа на тимот.

Сè започна од љубовните релации во Милан

Средниот дел од табелата во Серија А воопшто не му прилега на клуб како Милан кој е еден од најтрофејните во Италија. Но на слабите резултати им претходат внатрешни проблеми и поделби на табори, од едната страна ќерката на Берлускони, од другата потретседателот Адријано Галијани.