Според некои италијански медиуми кризата настанала откако започнале несогласувањата помеѓу Барбара Берлскони која пред две години стана дел од раководството на Милан и Адријано Галијани кој е веќе 30 години дел од управата.
Првиот проблем бил понудата од ПСЖ за Пато од 30 милиони евра, но Галијани бил спречен во продажбата од Барбара затоа во тоа време таа беше во љубовна врска со бразилскиот напаѓач, па љубовта на ќерката на Берлускони се покажала како поважна од бизнисот во клубот.
„Мојата иднина е во Милан. Мислам дека за време на овој период стекнав искуство и ја имам потребната компетентност за да придонесам многу во клубот. Милан не е толку голем тим како што беше порано и има потреба да почне одново, но тоа ќе го направи без Галијани", вели Барбара Берлускони.
Двата табори имаат несогласувања и во други одлуки во клубот, како на пример останувањето на Масимилијано Алегри на клупата и оваа сезона. Силвио Берлускони рече дека тренерите не може да ги одбира Галијани, туку и дава поддршка на својата ќерка.
„Росоњерите" во моментов се наоѓаат на десеттата позиција во Серија А со заостанување од 16 бода зад лидерот Рома и 11 бода зад третото место кое води во Лигата на шампиони, а уште послаб старт имаа минатата сезона кога беа дел од зоната за испаѓање.