„На Бруно Богарели му ја доделивме задачата да го убеди да потпише. Претседателот Берлускони и јас бевме фасцинирани од играта на Олимпија. Ден беше голем мотиватор“, вели Галијани за Газета дело Спорт и додава дека легендарниот тренер од Луизијана на Олимпија ѝ донесе 4 титули во Италија, трофејот Радивој Корач во 1985. година и на крајот европската круна во 1987. година.
На запрепастување на навивачите на Милан, Галијани вели дека многу сакал Питерсон да го води фудбалскиот клуб.
„Постојат илјадници тренери, но само еден е Ден Питерсон. Знаеш дека си направил нешто од епски размери кога целата твоја професија ќе почнат да ја идентификуваат со твоето име, а тој тоа го стори со кошарката. Згреши што нè одби. Ќе станеше првиот човек што ќе освојуваше трофеи како тренер во кошарката и во фудбалот. Тоа и натаму ми е неостварена желба од тоа време", се отвори Галијани.
Последно во низата со Ден Питерсон се советите за актуелниот Милан.
„И ден денес после секој натпревар ми праќа многу детални и секогаш прецизни и точни анализи што видел на теренот. Верувајте дека со страст ја впивам секоја негова мудрост. Михајловиќ? Питерсон ни кажа да не го чепкаме. Секогаш се трудиме да го сослушаме неговиот совет ако е тоа можно", истакна Галијани.
„Му посакувам сè најдобро. И му честитам роденден затоа што знам дека пред неколку дена наполни 80 години. Имав голема среќа да го запознаам. Таков карактер ретко се гледа. И покрај годините, никогаш не се предава. Нешто како Берлускони. Се надевам дека и јас на тие години ќе бидам витален".
Што се однесува до '80-те години, тогаш младиот Фабио Капело го замени Лидхолм, а подоцна наместо Капело дојде Ариго Саки и во првата сезона го освои скудетото. Во следните неколку години придодаде и титула во ЛШ, два европски Супер Купа како и два Интерконтинентални купа. Според овој епилог, изгледа Питерсон знаел што е најдобро за Милан и затоа им се заблагодарил на Берлускони и Галијани.