Паоло Малдини беше гостин на емисијата Сињори дел калчо (Фудбалски господари) која што се емитува на каналот Скај Спорт. Поранешниот капитен на Милан изјави дека е збунет од стратегиите на клубот на пазарот и од развојот на управата.
Проблемите во Милан редовно ги потенцираат поранешни фудбалери и стручњаци, но кога тоа доаѓа од еден Малдини, тогаш ехото е подалечно.
Малдини побарал појасно водење на клубот и советува да се донесе нова фигура на местото на Адријано Галијани: „Ако Милан сака да се врати на голема сцена, потебни се идеи и инвестиции. Потребни се луѓе со фудбалско познавање, но во моментов во Милан тоа недостасува. Галијани е одличен како диригент, но најслаб е во фудбалското познавање, во одлуката и проценката на играчите", изјави Малдини кој претходно најави дека нема да се врати во клубот се додека таму е Галијани.
Паоло Малдини е можеби најголема легенда на клубот со кој освои 5 титули во Лигата на Шампионите од 8 финалиња, првото во 1989. година, а последното во 2007. Легендарната 3-ка освои седум Скудета за 16 години плус Куп на Италија и Светско клупско првенство. Се повлече на 41 година и убедливо е прв по бројот на настапиз а Милан - 902. На репрезентативен план Малдини е исто успешен. Беше капитен на 74 средби за Италија и одигра 3 Светски првенства и 4 Европски.
Росонерите играат уште една сезона без Европа, во домашниот куп едвај го минаа второлигашот Кротоне после продолженијата, а во Серија А се седми со седум бодови зад лидерот Наполи. Во недела од 20:45 Милан му гостува на Карпи.