Ѕинго беше како Галијани у 2000ти. Прецедник на клуб и на лига.
— Maestro (@DiSkopje) November 17, 2020
Толку е фудбалот.
Љубисав Иванов - Ѕинго кој почина денеска на 84 годишна возраст, беше прв претседател на Фудбалскиот сојуз на Македонија (1993-1999), како и почесен претседател на Фудбалската федерација на Македонија.
Ривалството меѓу Силекс и Вардар од 90-те ќе се памети вечно, особено поради револтот на навивачите на Вардар кои со години го обвинуваа дека главната фотеља во сојузот ја користи за да го фаворизира Силекс, кој во негово време освои три титули по ред, како и два Купа.
И покрај тоа што таа приказна е стара, сепак уште тлее на релација Скопје - Кратово. Кога пред само четири години Силекс го совлада лидерот на табела Вардар со 3:2, резултатот не беше толку изненадувачки, колку што беше лудачкото славје на терен, невидено во Македонија.
На сред терен во Кратово се појави џип на кој според тврдењата на Гол.мк, качен е фудбалерот на Силекс, Марјан Мицков, а обично со него го возат токму Ѕинго. Епска сцена.
Комитите се творци на едно од најпознатите скандирања во мак фудбалот кое беше актуелно со години и кое се слушаше долго на Градски и по заминувањето на Ѕинго од ФСМ.
Но без разлика на сиот тој ривалитет, несогласувања и револт, тие денеска имаа реакција со која му простуваат за минатото.
„Бог да го прости Љубисав Иванов. Ова не е препеаната песна за Миле Поп Јорданов, која Западот во полн сјај ја пееше, исполнет, сите со свеќи во рацете, назад во 90-тите, а денес е сеќавање на една борба со лик кој имаше различни сваќања за фудбалот од останатите и од навивачите. Вардар го надживеа, го надживеавме и ние, така ветивме, така и се случи, но сега сѐ му простуваме. Ќе ти прости и небесниот наш Коп, зашто сеќавањата на тие времиња не ни оставаат простор за ништо друго освен чувство на носталгија за убави моменти. Почивај во мир Ѕинго“.
Многу штосови излегоа за него
Почина пронаоѓачот на првата крипто валута „Бон“ - Љубисав Иванов Ѕинго. Слава му.
— Бош чоек (@bosh_choek) November 17, 2020